Нови детали за железничката несреќа во Шпанија: Критична била спојката на старите и новите делови на пругата
Точката каде што возот излета од шините минатата недела во близина на Адамуз, е местото каде што се спојуваат обновени и стари материјали на оваа линија, која е отворена пред повеќе од 33 години, објави денес весникот „Ел Мундо“.
Препорачано
Како што наведува весникот, некои делови од железницата се реновирани во 2022 година, а некои датираат од 1989 година.
Најверојатната причина за излетувањето на возот од шините и последователниот судир со возот што се движи во спротивна насока е пукањето на десната шина на местото каде што се спојуваат челичните делови, произведени со разлика од неколку децении, наведува весникот. Овој спој, направен со специјализирано заварување, според железничкиот оператор „Адиф“, ги поминал сите контроли за квалитет.
Откриена е причината за чудната железничка несреќа во Шпанија?
Во текот на изминатата недела, шпанското Министерство за транспорт истакна дека железничкиот коридор е обновен, со инвестиција од над 700 милиони евра, како гаранција за квалитетот и одржувањето на инфраструктурата. Санацијата на делницата каде што се случи несреќата помеѓу Гвадалмез и Кордоба беше нарачана од компанијата „Адиф“ во 2022 година, за што беа издвоени 60 милиони евра.
Работата на овој особено проблематичен дел од коридорот беше практично завршена во мај минатата година, но реновирањето не ги вклучуваше сите потребни материјали, објави весникот.
Оваа точка се наоѓа на фаталната траса на железницата, на околу 80 метри од свртницата, и е идентификувана како најкритична на оваа делница. Возот Ирио 6189, кој сообраќаше од Малага до Мадрид, излета од шините во 19:45 часот во неделата кога премина на спротивната пруга и се судри со локомотива, при што загинаа 45 лица.


