Нови детали за приведувањето на Северина: Имала три верзии зошто ја напуштила куќата за време на полицискиот час

северина
Принтскрин/Инстаграм

Синоќа во Белград беше приведена познатата балканска пејачка Северина Којиќ, бидејќи во Нов Белград го возела својот автомобил, за време на полициски час.

Како што наведуваат српските медиуми, Северина ги менувала исказите. Прво рекла дека тргнала во аптека, а потоа ја сменила приказната и рекла дека само сакала да го паркира автомобилот, како и дека се скарала со сопругот Игор Којиќ.

Давор Гргин, од тимот за односи за јавност на Северина испратил службено известување за тоа што точно се случило.

„Северина се пакувала бидејќи изутрина тргнува за Загреб и излегла со автомобилот надвор од куќата, не размислувајќи за полицискиот час. Ќе го прознае прекршокот и ќе ја плати паричната казна“, објаснил Гргин.

Познато е дека Северина била во BMW-то со загребски таблици недалеку од трговскиот центар „Оков“ во Белград. Бидејќи немала дозвола за движење за време на полициски час, полицијата ја однела пред Судот за прекршоци и и е предвидена парична казна од 425 до 1300 евра. Доколку го повтори истиот прекршок, ја чека казна затвор, пишува Ало.рс.

Медиумите пренесуваат дека по излегувањето од полициската станица Северина „се покајала“:

„По наредба на судија, ќе ми се суди по скратена постапка, а за овој прекршок предвидена е парична казна од 425 до 1300 евра. Ако го повторам ова дело, казната ми е затвор. Ова нема да ми се повтори“, истакнала Севе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот