НОВИ БИЗАРНИ ДЕТАЛИ ОД ЖИВОТОТ НА ЕПСТАЈН: Јадел само зелена салата, а еве кој постојано му правел друштво во кревет! (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

НОВИ БИЗАРНИ ДЕТАЛИ ОД ЖИВОТОТ НА ЕПСТАЈН: Јадел само зелена салата, а еве кој постојано му правел друштво во кревет! (ВИДЕО)

Овие до сега непознати детали за животот на Епстајн и раскажала за Венити Фер новинарката Ванеса Григоријадис, која и сама била сведок на раскалашениот живот на „дворот на кралот Џефри“.

Пиштол во футрола покрај кревет. Смрзнување во спална соба. Одбојност кон дрогата и алкохолот и исхрана која се базира исклучиво на зелена салата, вака изгледал животниот стил на милијардерот педофил Џефри Епстајн додека правел грозни злосторства над девојчиња зад вратата од својот 62 милиони долари вреден имот во Менхетен.

Овие до сега непознати детали за животот на Епстајн ги раскажала за Венити Фер новинарката Ванеса Григоријадис, која и сама била сведок на раскалашениот живот на „дворот на кралот Џефри“.

Григоријадис го разоткри личниот свет на милијардерот педофил благодарение на низа интервјуа со неколку негови девојчиња. Имено Епстајн секогаш имал покритие за јавноста – по неколку блондинки во дваесетите години околу себе, а една му била официјална девојка.

Една од нив открила дека Епстајн ја присилувал да спие во ледената соба затоа што верувал дека така подобро се спие.

„Сакаше да спие на 12 степени. Мислев, проклето се смрзнувам, ќе умрам од хипотермија“, рекла таа.
Друга девојка открила дека Епстајн бил толку параноичен што „спиел со пиштол во футрола“ крај креветот и дека бил опседнат со „болни шпиунски игри“.

Кога една манекенка одбила „отворена врска“ со Епстајн, почнале да и стигнуваат пораки со нејзини фотографии од секојдневниот живот. Очигледно некој ја следел и ја фотографирал.

Друга девојка на Епстајн ова го раскажала: „Имав чудно чуство додека разговарав со Џефри, ужасно ме гледаше во очи и цитираше нешто што претходно сум рекла нешто за него во телефонски разговор со пријателка. Го фрлив телефонот и го прекинав секој контакт со него“.

Епстајн бил опседнат со „здрав живот“.

„Не пиеше ниту се дрогираше ниту пушеше цигари и не сакаше да биде со луѓе кои тоа го прават. Се тушираше повеќе пати дневно. Ги презираше рестораните и јадеше интегрални житарици, протеини и зелени салати 30 години пред сите други во Америка“, тврди Григоријадис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close