Нова студија покажа: Половина случаи од рак се поврзани со 3 ризик-фактори што може да се спречат!

Фото: Профимедиа

Пушењето, консумирањето алкохол и дебелината се трите водечки ризик-фактори за смртни исходи на заболените од рак во целиот свет, покажа најновото истражување кое опфатило 4,5 милиони луѓе.

Коавторката на студијата Кели Комптон, проект-директор на тимот за рак на вашингтонското медицинско училиште во Сиетл, вели дека ракот е предизвик за јавното здравје и проблем што се шири низ целиот свет.

„Смртните исходи од рак се резултат на овие три фактори, а нивниот број е зголемен за 20 отсто од 2010 до 2019 година, што е временската рамка на оваа студија. Сега имаме 4,5 милиони смртни случаи од рак. Водечките ризици смртност кај заболените од рак се пушењето, консумирањето алкохол и високиот индекс на телесна тежина, односно дебелина“, изјави таа за „Еуроњуз“.

Таа нагласува дека постои разлика помеѓу мажите и жените. Кај повеќе од половина од смртните случаи кај мажите се регистрирани сите три фактори на ризик, додека кај жените бројот на смртни случаи со ризик-фактори е околу една третина.

„Водечкиот тип на рак и кај мажите и кај жените е ракот на душникот, рак кој го напаѓа бронхијалниот тракт, кој е одговорен за 37 отсто од смртните случаи. Главната разлика меѓу мажите и жените е тоа што ракот на дебелото црево и желудникот доминира кај мажите, додека кај жените доминира ракот на грлото на матката, дебелото црево и дојката“, објаснила Комптон.

Студијата покажа дека смртноста, лошото здравје и заболувањето на рак се разликуваат низ целиот свет и дека тоа е директно поврзано со нивото на развојот на една земја. 

„На пример, сексуалната заштита е директно поврзана со ракот на грлото на матката, кој е особено изразен ризик-фактор во земјите кои се на дното на социо-економскиот развој. Една работа што е особено интересна е тоа што смртноста како последица од заболувањето од рак е несразмерно засегната. Така и развиените земји имаат проблем, иако станува збор само за 13 отсто од глобалното население кое живее во развиени општества, така што статистиката на поединци кои бараат третман за болест предизвикана од факторите на ризик се разликува во зависност од тоа каде живеат луѓето.

Карциномите се одговорни за смртта на повеќе од осум милиони луѓе годишно во светот, од кои четири милиони умираат во најпродуктивниот период од животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот