Новата претстава на независната театарска продукција „Пресврт“ е со наслов „Младоста последна умира“

Плакат за претставата во продукција на „Пресврт“

Претставата „Младоста последна умира“ во продукција на „Пресврт“ е документарен проект, архива на разговори со актери која подлабоко ја истражува социо-политичката, економска и културна положба на младите луѓе од Република Северна Македонија, кои се близу да наполнат 30 години. Како некоја бројка која означува почеток на нова декада истовремено оваа возраст означува исполнување на одредени очекувања во доменот на работата, личниот и фамилијарниот живот, како и осамостојувањето.

Премиерната изведба на претставата „Младоста последна умира“ ќе се одржи на 12 декември, со почеток во 20 часот, во новиот простор „Лабораториум“. Билетите, по цена од 400 денари, се достапни во „Лаб Кафе“ (Лабораториум), а резервации може да се направат преку телефонскиот број 072/905-555 или во ДМ на @lab.ratorium (Инстаграм). Втората изведба на претставата е закажана за 13 декември 2023, со почеток во 20 часот.

– Овој проект зборува за нашето секојдневие, за нашата борба да ја преживееме младоста во Македониja или надвор од неа. Стоејќи на прагот, да ја преминеме границата на дефиницијата „млади“, ова е извештај за преживеаното и наученото. Ги отвораме прашањата на кои често и немаме одговор. Ова е претстава за нашиот систем на вредности, за културата што никогаш не ја сведочиме и за уметноста што, можеби, никогаш нема да ја направиме – истакнуваат од „Пресврт“.

Актерската екипа составена од Ангела Стојановска, Јанка Лефкова, Лазар Христов и Никола Ристески ја истражува релацијата за тоа како културните политики влијаат врз нивниот кариерен развој и како тој го обликува нивниот приватен живот, а режијата е колективна.

Драматург на претставата е Ева Камчевска, а продуцент Петар Антевски. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот