Новак: Сега ќе чекам добри вести од САД

Новак Ѓоковиќ има 21 грен слем титула/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Новак Ѓоковиќ денеска по седми пат триумфира на Вимблдон и ја продолжи доминацијата на најпрестижниот тениски турнир.

Имено со триумфот над Ник Кирјос во финалето и тоа со 4:6,6:3,6:4,7:6, Ѓоковиќ по чеврти пат по ред триумфира на Вимблдон.

– Моментно сум на седмо него… Овој турнир отсекогаш бил нешто посебно за мене бидејќи токму поради него почнав да тренирам тенис. Денеска во финалето ја почувствував љубовта и поддршката од навивачите на трибини и благодарен сум им поради тоа. Секоај играч сака да ја почувствува поддршката на теренот – рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата по мечот.

Освен што ја продолжи доминацијата на Вимблдон, Новак успеа за прв пат да слави во дуелите со Кирјос.

– Ова беше финале против тенисер кој досега не играл во вакво финале. Ник немаше што да загуби, додека јас бев поразен во нашите два меча досега. Тешко е да се прочита неговиот сервис, и првиот и вториот и тоа носи дополнителен притисок. Сепак, јас бев добар во играта од основната линија, сервисот ме служеше кога беше потребно. Во четвртиот сет беше тесно неколку пати, но успеав да се извлечам со ас сервисите. Во тај-брејкот го натерав да игра на удар повеќе – додаде Ѓоковиќ.

Србинот најави дека во наредниот период ќе одмора, но и ќе чека добри вести од САД. Според актуелните прописи на владата на САД, странски државјани не можат да влезат во земјата ако не се вакцинирани против коронавирусот.

– Веќе сега сум на одмор, дефинитивно ќе одморам наредните неколку недели. Потоа ќе чекам, се надевам добри вести од САД. Ако не се случи тоа, нема да се оптоварувам и да бркам бодови на турнирите – додаде Новак.

И легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро и порача на владата на САД да му дозволи настап на Ѓоковиќ на последниот годинешен гренд слем турнир, УС Опен.

– Политичарите почнаа премногу да се мешаат. Тоа го направија во Австралија. Дозволете му на човекот да дојде и да игра во САД. Ова е лудо – порача Мекинро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот