Новак Ѓоковиќ донесе неочекувана одлука! (ФОТО)

фото: курир.рс

За Новак Ѓоковиќ новата сезона ќе започне уште во декември, а со последната одлука најави еден згуснат календар во јануари. Српскиот тенисер, на општо изненадување, ќе учествува на турнирот во Аделејд од категоријата АТП250.

Тој турнир беше згаснат, но повторно се појави во АТП календарот и Ѓоковиќ одлучи да се врати на местото каде што ја освои титулата во 2007. година.

Оваа информација ја откри познатиот тениски новинар, Мајкл Самулски. Претходно на 20-21 декември ќе игра на егзибициски турнир во Абу Даби, а потоа се „сели“ во Австралија.

Таму од 6-13 јануари, заедно со Душан Лајовиќ, ќе учествува на АТП купот, новоформираното натпреварување на репрезентации, потоа следната недела (13-20 јануари) ќе игра во Аделејд, сето тоа како подготовка пред учеството на првиот грен слем турнир во 2020 година, „Австралија опен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот