Нова водоводна мрежа се изведува на улица Бел Камен во Чучер Сандево

Фото: Град Скопје

На улицата Бел камен во општина Чучер Сандево се изведува водоводна мрежа во должина од еден километар, проект кој се реализира со меѓуопштинска соработка.

Со градежните активности на терен се опфатени реконструкции на 10 улици – краци на улицата Бел Камен кои припаѓаат на територијата на општината, од кои 8 се веќе завршени, а со оваа инвестиција, како што информира градоначалничката Данела Арсовска, се обезбедува напуштање на досегашната водоводна мрежа која е несоодветна и со незадоволителен профил.

Со реализацијата на овој проект се решава горлив проблем на жителите на општина Чучер Сандево, чии потреби повеќе од 30 години беа заборавени, а барањата игнорирани. Поради старата и дотраена водоводна мрежа во овој дел жителите се соочуваат со чести дефекти, а со поставувањето на оваа нова мрежа се врши и преповрзување на постојните објекти, односно на 110 приклучоци, со што обезбедуваме поквалитетен живот на нашите сограѓани – вели Арсовска, која денеска заедно со екипи од јавните претпријатија направи увид во градежните зафати.

Според неа, Град Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на овие предизвици е еден од приоритетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот