Нова студија: Слушните помагала можат да го намалат ризикот од рана смрт кај лицата со оштетен слух

Фото: Tutatama / Alamy / Alamy / Profimedia

Според истражувачите на Универзитетот во Јужна Калифорнија, САД, возрасните лица кои се соочуваат со оштетен слух, а редовно користат слушни помагала може да го намалат ризикот од рана смрт, пишува „Би-би-си“.

„Она што го откривме е дека постои 24 отсто помал ризик од смртност кај луѓето кои користат слушни помагала“, рече д-р Џенет Чои, асистент професор по клиничка отоларингологија.

И покрај тоа што има 40 милиони возрасни луѓе во САД кои страдаат од губење на слухот, само 1 од 10 луѓе на кои им требаат слушни помагала всушност ги користат. Во Велика Британија само 3 од 10 луѓе на кои им требаат апаратчињата ги користат, иако 11 милиони се дијагностицирани со губење на слухот.

Истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија во САД се надеваат дека наодите од новата студија ќе ги поттикнат луѓето да користат слушни помагала.

„Лично, како некој што користи слушно помагало, овој резултат го сметам за возбудлив. Тоа сугерира дека може да има потенцијална заштитна улога на употребата на слушно помагало против смртност кај оние кои би можеле да имаат корист од слушните помагала“, вели д-р Џенет Чои.

Истражувачите веруваат дека пониските нивоа на депресија и деменција стојат зад подолгиот животен век. Подобрениот слух, оди рака под рака со подобрувања во менталното здравје и сознанието. Овие подобрувања го подобруваат целокупното здравје – а со тоа и долговечноста.

Објавена во списанието „Лансет хелти лонџевити“ (The Lancet Healthy Longevity), оваа студија е најголемата што ја истражувала оваа тема досега, испитувајќи вкупно 10.000 учесници.

Во групата од 10.000, научниците идентификувале 1.863 луѓе кои имале оштетен слух. Од нив, само 237 луѓе редовно носеле слушни помагала – што значи барем еднаш неделно по пет часа. Мнозинството, 1.483 луѓе, воопшто не користеле слушни помагала. Истражувачите ја опишаа преостанатата група како „нередовни корисници“, што значи дека ги носеле слушните помагала помалку од еднаш месечно.

Истражувачите не само што откриле дека ризикот од смртност е репчиси 25 отсто поголем кај оние кои никогаш не ги користат, во споредба со редовните корисници. Тие исто така открија дека ова е стабилна стапка: променливите вредности како што се степенот на губење на слухот, возраста, етничката припадност, приходот и друго, не ги менуваат придобивките од слушните помагала.

Интересно е што студијата не нашла разлика помеѓу нередовните корисници и оние кои никогаш не се корисници. Кога станува збор за слушни помагала, ова сугерира дека треба да ги користите постојано – повремената употреба на веројатно нема да ви го зголеми животниот век.

„Ги охрабрувам сите кои имаат потешкотии со слухот да го тестираат слухот и да го одредат видот и сериозноста на нивното губење на слухот. Веројатно ќе бидете изненадени од звуците што сте ги пропуштиле, а кои нема да ги сфатите додека не го тестирате вашиот слух и, доколку е соодветно, не пробате слушно помагало“, додава Чои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот