Владимир Путин/ Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

„Нова студена војна со Русија е неизбежна“ – колку време би траел конфликтот на Путин со Западот?

Поранешниот руски нафтен магнат и еден од најгласните критичари на Кремљ, Михаил Ходорковски, смета дека „втората Студена војна“ меѓу Русија и Западот е веќе неизбежна и дека ќе трае најмалку една деценија, пренесе Блиц.

Во разговор за бриселскиот „Политико“, Ходорковски предупредува дека тензиите меѓу двете страни нема брзо да се смират.

– Треба да очекуваме дека некаква форма на Студена војна ќе трае најмалку десет години – изјави тој во Брисел.

Ходорковски оценува дека западните санкции имаат ограничен ефект, а нападите на Украина со дронови врз руските рафинерии не можат значително да ја ослабат „воената машинерија на Москва“.

Според него, шансата Владимир Путин да ја загуби власта постоела само во првите две години од војната во Украина, но тој момент сега е поминат.

Ходорковски, кој живее во егзил во Лондон, неодамна повторно беше обвинет во Русија за „тероризам и обид за насилно преземање на власта“.

Иако верува дека еден ден ќе се врати во својата татковина, поранешниот олигарх смета дека на Русија ѝ претстојат децении пред да се ослободи од „империјалистичкиот наратив“ кој, како што вели, ја оправдува „агресивната политика кон соседите“.

– Мојата генерација нема да го доживее денот кога руското општество ќе се врати во состојба на нормалност – изјави Ходорковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот