Нова фотографија, препознатлив стил: Дали Врчак се враќа на сцената?

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Познатиот фризер и шминкер, Арменд Рамадани на својот инстаграм – профил објави заедничка фотографија со миленикот на многумина од генерацијата милениумци –  Раде Врчаковски – Врчак.

Фотографијата за рекордно време собра голем број лајкови, а коментарите беа покана од неговите фанови повторно да се врати на сцената.

„Врчак, врати се“, „Врчак те чекаме камбек да направиш“, „Мојот омилен“, „Боже мој“,  „Мајсторе враќај се  – фалиш“ – беа само дел од коментарите на лојалните фанови на раперот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Armend Ramadani (@armendramadani)

„И повторно сам“, „Пред да заспијам“, „Вози ме“, „Манастириски сон“, се само дел од многуте хитови на еден од најпопуларните рапери кои се појавиле на македонската музичка сцена. Оние што се сеќаваат, знаат дека Врчак уживаше во огромна популаларност и буквално живееше како светските славни личности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)


Беше миленик на женската популација, секогаш возеше брзи и скапи автомобили и честопати неговото име се провлекуваше низ страните на тогашните локални таблоиди и весници. Но, по се изгледа раперот се засити од ваквиот начин на живот и поради тоа реши да се тргне што е можно подалеку од очите на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)


Она што се знае за него, е тоа дека тој и понатаму компонира музика за себе, но и за странски изведувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот