Австралија аеродром
Австралија аеродром/ Фото EPA-EFE/JOEL CARRETT

Нов Зеланд на 30 април повторно се отвора за странци

Границите на Нов Зеланд ќе продолжат да бидат затворени за повеќето луѓе во следните пет месеци, соопшти денеска Владата објавувајќи ја внимателната стратегија за олеснување на ограничувањата за патување што се во сила од март 2020 година, пренесува Би-Би-Си.

Земјата спроведува едни од најстрогите ограничувања поради ковид-19 меѓу земјите на ОЕЦД.

За тоа придонесе и географската изолација, па на Нов Зеланд му беше полесно да го спречи ширењето на Ковид-19, додека економијата закрепна побрзо отколку во некои споредливи земји.

Појавата на позаразна делта варијанта оваа година го забави процесот на укинување на ограничувањата, а главниот град Оукленд дури сега целосно укинува некои мерки со зголемување на бројот на вакцинирани.

Целосно вакцинираните странци ќе можат да влезат во Нов Зеланд од 30 април 2022 година, соопшти министерот задолжен за одговор на Ковид-19 Крис Хипкинс на прес-конференција.

Целосно вакцинираните Новозеланѓани и Австралијците кои имаат виза за постојан престој во Нов Зеланд можат да патуваат во Нов Зеланд од 16 јануари, додека вакцинираните жители на Нов Зеланд ќе можат да влезат во земјата од 13 февруари.

Пристапот во повеќе фази за поврзување со светот е најбезбедниот пристап за внимателно управување со ризикот. Ова ги намалува сите потенцијални влијанија врз ранливите заедници и здравствениот систем на Нов Зеланд, рече Хипкинс.

Целосно вакцинираните патници ќе треба да имаат негативен тест пред да лет за Нов Зеланд, а по пристигнувањето во земјата мора веднаш да се тестираат за Ковид-19.

Тие нема да мора да престојуваат во државните карантински установи, што беше случај порано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот