Нов удар: Принцот Ендру остана и без титулата почесен граѓанин на Јорк

принц ендру
Принц Ендру / Фото: Profimedia

Северниот англиски град Јорк во средата му ја одзеде титулата почесен граѓанин на британскиот принц Ендру, војводата од Јорк.

Локалните советници гласале за укинување на титулата доделена во 1987 година на принцот Ендру, вториот син на кралицата Елизабета Втора.

кралица елизабета
Фото: Профимедиа

Ендру, кој веќе не ја ужива милоста на британското кралско семејство и британската јавност, во февруари годинава се спогоди со Вирџинија Џуфре, која го обвини дека сексуално ја злоставувал кога била тинејџерка, со што потенцијално се спаси од понатамошен срам.

„Титулата почесен граѓанин на нашиот прекрасен град им се доделува на оние кои го претставуваат најдоброто од Јорк. Веќе е несоодветно принцот Ендру да биде поврзан со нашиот град на кој било начин“, истакна Дерил Смали, градски советник во Јорк.

62-годишниот Ендру се изјасни за невин кога се согласи на вонсудска спогодба и не беше обвинет за кривично дело.

принц ендру
Принц Ендру / Фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Случајот со Џуфре се занимаваше со пријателството на принцот со покојниот Џефри Епштајн, финансиер и сексуален престапник кого Џуфре исто така го обвини за сексуално злоставување. Епштајн изврши самоубиство во затвор на Менхетен во 2019 година додека го чекаше судењето.

Ендрју ги отфрли обвинувањата дека ја принудил Џуфре на секс кога имала 17 години пред повеќе од две децении во лондонскиот дом на соработничката на Епштајн, Гислејн Максвел, во вилата на Епштајн на Менхетен и на приватниот остров на Епштајн на Американските Девствени Острови.

Во јануари, кралското семејство му ги одзеде на Ендру воените титули и кралското покровителство и објави дека му е забрането да ги користи кралските титули.

 

Повеќе написи на темата:

 

Принцот Ендру ја загуби титулата

 

Која е Вирџинија Џуфре? Злоставуваната Американка поради која принцот Ендру остана без титула

 

Одбиена молбата на принцот Ендру за прекинување на тужбите за сексуалните напади

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот