Нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик

Избори / Фото: МИА

Во организација на министерот за правда Бојан Маричиќ, попладнево се одржа нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Левица, ВМРО-Народна партија, ЛДП, Демократски Сојуз, парламентарни партии на помалкубројните етнички заедници, како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Поканети беа и претставници на ДОМ и Алтернатива.

На состанокот, како што соопшти Министерството за правда, кој помина во конструктивна атмосфера повторно се разговараше за политичките прашања во однос на изборните модели и можните измени, а претставници на партиите ги изнесоа политички ставови, предлози и размислувања во однос на измените.

Договорено е овие разговори во ваков формат да продолжат следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот