Нов скандал го стресе Холивуд: Анџелина Џоли го губи старателството над децата

Актерката Анџелина Џоли се уште се бори да го задржи примарното старателство над своите деца со Бред Пит, иако тој бара подеднакво да бидат вклучени во животот на наследниците.

Странските медиуми наведуваат дека актерката најверојатно ќе ја загуби оваа битка. Поминаа три години откако актерката поднесе барање за развод од Бред Пит, а тие се уште не го заклучиле договорот за старателство над петте малолетни деца.

Децата живеат со мајката по разводот, а иако Бред се повеќе време поминува со нив, Анџелина и понатака настојува да ја има улогата на примарен родител.

профимедиа

– Многу малку е веројатно дека Анџелина ќе го задржи примарното старателство. Судот нема докази дека Бред е неподобен родител, не постојат докази за злоставување на децата или дрога и алкохол од страна на Бред, па најверојатно судијата ќе додели заедничко старателство, па така Анџелина ќе го загуби целосното старателство над децата. Анџелина е многу неразумна. Бред е добар татко, се грижи за своите деца, изјави калифорнискиот адвокат за семејно право Дејвид Писара.

Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот