Нов роман на Лидија Димковска ќе биде промовиран во издание на „Три“

Покана за промоцијата

Промоцијата на новиот роман „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, во издание на „Три“, ќе се одржи на 17 август, со почеток во 19.30 часот, во кафе-бар „Филхармонија“ во Скопје.

Воведни зборови кон овој четврти роман на Лидија Димковска ќе имаат Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски, истакнати автори во современата македонска литература, кои во оваа книжевна епизода се појавуваат како промотори.

Лидија Димковска е веќе докажана авторка на овие простори и надвор од нив. Двапати се има закитено со наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, како и со германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, со романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга за „Гранична состојба“ итн.

Преведена е на неколку странски јазици со избори и засебни книги кои редовно наидуваат на позитивни критики и одгласи. Нејзините книги често ги следат внатрешните борби на поединецот кој во надворешниот свет трага по својот идентитет.

Така и овој нејзин нов роман ни носи освестувачка приказна за нашиот свет што заборавивме да го сакаме. Ќе нè одведе до себеприфаќање, себепронаоѓање, пронаоѓање на домот. Роман потрага по утопијата на идентитетот преку дистопијата на животот, истакнуваат од „Три“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот