Аризона, САД / Јуни 2020 / Фото: U.S. National Guard / Zuma Press / Profimedia

Нов рекорден број на заразени со коронавирус во светот

Бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 во светот бележи рекорден пораст веќе втор ден по ред, бидејќи за 24 часа се регистрирани 259.848 нови случаи, соопшти Светската здравствена организација.

Најголемем пораст има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, се наведува во дневниот извештај на СЗО. Претходниот ден, регистрирани се 237.743 новозаразени.

Бројот на смртни случаи се зголеми за 7.360, што претставува најголемо дневно зголемување од 10 мај.

Повеќе од 14 милиони луѓе се заразени со вирусот во светот, а речиси 600.000 починале.

САД имаат 3,7 милиони заразени, Бразил над два милиона, а Индија стана трета земја со повеќе од милион случаи на коронавирус. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот