НОВ РЕКОРД: Федерер и Надал ќе играат пред 50.000 гледачи

твитер

Швајцарецот и Шпанецот утре во Кејптаун ќе испишат историја во однос на бројот на гледачи на еден тениски дуел.

Рафаел Надал и Рожер Федерер ќе одиграат егзибициски дуел со Јужна Африка и тоа пред рекордни 50.000 гледачи. Освен што е поставен рекорд кога станува збор за број на гледачи на тениски натпревар, поставен е и рекорд во однос на продажбата.

Сите 50.000 билети се распродадени за само 10 минути, а цените на влезниците се движеа од 10 до 70 долари.

Егзибицијата ќе се игра со цел да се соберат повеќе од еден милион долари за Фондацијата Рожер Федерер која го поддржува основното образование во шест земји во Африка како и во Швајцарија.
Дел од спектаклот ќе бида и еден од основачите на Мајкрософт, Бил Гејт и актерот Тревор Ноа.

Досегашниот рекорд на најпосетен тениски натпревар го држеа Федерер и Александер Зверев кои во ноември минатата година во Мексико сити играа пред 42.517 гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот