Нов пресврт во случајот со убиството на Тупак: Пи Дали платил милион долари за да го ликвидираат раперот

Фото: COLUMBIA PICTURES - Album / Album / Profimedia / EPA

Раперот Пи Диди е обвинет за сексуална злоупотреба, силување и бројни други криминални дејствија, а откако започна лавината почна да се споменува и во случајот за убиството на раперот Тупак.

Семејството на починатиот рапер сега го ангажирало познатиот адвокат Алекс Спир да ја истражи поврзаноста помеѓу смртта на Тупак и Пи Диди, пренесува „Билборд“.

Шакур беше убиен кога имаше 25 години. Минатата година, по речиси 30 години, за неговото убиство беше уапсен Дуан Киф Д Дејвис. Станува збор за Дуан Киф Д Дејвис, кој тврди дека во убиството бил вмешан раперот Шон „Диди“ Комбс, познат и како Пи Диди, кој во моментот се наоѓа во притвор поради рекетирање, сексуален напад и трговија со луѓе.

Меѓутоа, во 2008 година, Пи Диди негираше дека е поврзан со убиството на Тупак.

– Таа приказна е лага. Целосно е смешна и невистинита. Ниту Ноториус Б. И. Г., ниту јас не знаевме ништо за нападот пред, за време или откако ќе се случи – рекол тој тогаш.

Во судските документи до кои дошол Фокс5, а кои биле поднесени од канцеларијата на окружниот обвинител на округот Кларк, Дуан тврди дека Пи Диди платил 1 милион долари за убиството на Тупак Шакур.

– Дејвис јавно тврдеше дека се оддал самиот себеси и дека не се обидувал да даде докази против некој друг во разговорите со полиција. Меѓутоа, оваа изјава го побива неговото тврдење затоа што тој сугерирал дека Шон Комбс му платил на дилерот Ерик Вон Мартин 1 милион долари за убиството, како и дека тој понудил таен телефонски разговор со Теренс Браун, возачот кој во тоа време бил сè уште жив – пишвало во изјавата.

Дејвис им навестил на детективите во 2009 година дека Комбс е поврзан со убиството. Во 1993 година, Диди ја основал издавачката куќа „Бед бојс рекордс“ која била во кавга со дискографската куќа „Дед роу рекордс“, на чело со Саџ Најт.
Дејвис им ја раскажал на детективите ситуацијата во која Комбс рекол:

– Би дал сè за неговата глава – мислејќи на Саџ, кој бил во автомобилот со Тупак за време на пукањето во 1996 година.

Дуан исто така тврди дека Ерик Вон Мартин ненадејно се збогатил години по убиството и откако тој и Ерик разговарале за некаква исплата од Диди.

Откако се појавија новите судски документи, повторно се разгореа претходните шпекулации дека Комбс бил вмешан во убиството на Шакур.

Кирк Бароус, кумот на еден од синовите на Комбс, поднел тужба против раперот во 2003 година во која истакнал дека раперот е осомничен дека го ангажирал убиецот кој пукал во Тупак.

Адвокатот на Диди во тоа време рече дека тврдењата се целосно неосновани, а тужбата на крајот беше отфрлена.

Гласините повторно се појавија во 2011 година кога поранешниот детектив на полицијата во Лос Анџелес, Грег Кадинг, рекол дека Диди го наредил убиството на Шакур.

Тој исто така рекол дека полицискиот оддел во Лос Анџелес снимил признанија од луѓето кои стојат зад убиството, вклучително и аудиоснимка од Дуан Дејвис кој ѝ рекол на полицијата:

– Комбс ме однесе долу и ми рече: „Човеку, сакам да се ослободам од нив“.

Во книгата тој исто така истакнал дека „чкрапалото го повлече братучедот на Дејвис, Орландо Андерсон“. И покрај сите обвинувања и гласини, Пи Диди никогаш не бил под истрага за убиството на раперот.

Диди сега се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба, силување и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.

Прво беше обвинет од поранешната девојка Кеси Вентура, со која се спогоди само еден ден откако таа ја поднесе тужбата.
Меѓутоа, брзо се појавија и други тужби, а имотот на раперот беше претресен поради сомневање за трговија со луѓе, перење пари и нелегални дроги.

Пи Диди е обвинет за злоставување на деветгодишно момче: Му ветил дека ќе го направи ѕвезда и го принудувал на орален секс

ФОТО | 30 години по неговата смрт, Тупак конечно доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот