Нов пресврт во Барселона, овој пат во случајот со Суарез

epa08071562 FC Barcelona's Luis Suarez celebrates after scoring the 2-1 lead during the Spanish La Liga soccer match between Real Sociedad and FC Barcelona at Reale Arena stadium in San Sebastian, Spain, 14 December 2019. EPA-EFE/JAVIER ETXEZARRETA

Уругваецот на крајот може да остане на „Камп Ноу“ во новата сезона.

Луис Суарез до вчера беше отпишан од Барселона и се подготвуваше за „војна“ со челниците на екипата бидејќи не сака да им ги прости парите од последната година од договорот.

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, одигра аматерски со Суарез, прво го прецрта Уругваецот и тоа му беше соопштено, за потоа да се одлучи да извлече некое евро за него.

Барселона се смири со Меси, но започна нова „војна“ со Суарез

Токму тој потег го разбесни Суарез кој инсистираше да си замине како слободен играч, а доби и такво ветување од Бартомеу, кој одденаш се премисли. Бартомеу бараше минимално обесштетување од Јувентус бидејќи така ќе ја избегнеше обврската да му ја исплати последната плата на Суарез.

Вчера Суарез преку своите адвокати му порача на Бартомеу дека е подготвен за војна и да оди до крај и дека нема намера да се откаже од 15. милиони евра кои му следуваат за последната година од договорот.

Денеска нов пресврт на случајот, тренерот Роналд Куман му порачал на Суарез дека ќе смета на него доколку остане на „Камп Ноу“ и уште еднаш му потврдил дека одлуката тој да биде отпишан не е негова туку на управата.

Каталонскиот новинар Жерар Ромеро, потврди дека Суарез најверојатно утре ќе биде во првиот тим на Барселона на пријателскиот натпревар против Џирона но ова не е никаква гаранција дека „војната“ на релација Бартомеу-Суарез ќе заврши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот