Барселона се смири со Меси, но започна нова „војна“ со Суарез

epa08535515 FC Barcelona's Luis Suarez celebrates after scoring a goal during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and RCD Espanyol at Camp Nou stadium in Barcelona, north-eastern Spain, 08 July 2020. EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Само што заврши една сапуница на „Камп Ноу“, на повидок е нова во која главните улоги ги имаат уругвајскиот репрезентативец и најомразениот претседател на каталонскиот клуб.

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, само што ја реши дилемата со Лионел Меси кој одлучи да остане уште една сезона, отвори нов фронт овој пат против Луис Суарез.

Барселона, односно Бартомеу не го сака Суарез во тимот за наредната сезона и по секоја цена го тера да си замине иако има уште една година од договорот. Од друга страна, Суарез нема намера да си оди, иако не е во преден план кај новиот тренер Роналд Куман, тој се врати на тренинзите и ги исполнува своите задолженија.

Иако Јувентус му нуди нето годишна плата од 10 милиони евра, Уругваецот сака да остане во Барселона, тој нема да се откаже од последната година од договорот. Тоа на Бартомеу му го соопштија неговите адвокати иако добиваат закани од челникот на Барселона дека ќе преземе драстични мерки.

Според договорот, Луис Суарез треба да заработи 15 милиони евра нето за наредната сезона, а Бартомеу му се закани дека цела година ќе седи на трибините и нема да му биде дозволено да тренира со првиот тим.

Токму заканите го заинатија одличниот напагач и им порачал на адвокатите да се подготват за правна борба доколку Барселона не ги исполнува обврските од договорот. Тоа значи дека иако нема да биде дел од првиот тим, Барселона е должна да му обезбеди тренер, а тој мора да ги исполнува професионалните обврски кон клубот бидејќи не сака да се откаже од загарантираните 15 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот