Нов голем трансфер во Лос Анџелес Лејкерс!?

фото:твитер

Лос Анџелес Лејкерс успешно ја започна сезоната и моментно е првопласиран на Западот со фантастичен учинок од 24 победи и три порази.

На тој начин „езерџиите“ во чии партии особено блескаат првите ѕвезди ЛеБрон Џејмс и Ентони Дејвис, најавуваат дека по подолго време, поточно по девет години повторно сакаат да се искачат на тронот.

А на тој пат сакаат да се освежат со уште едно звучно име, а според српските медиуми можно е во „Стејплс центар“ да се пресели Богдан Богдановиќ.

Познатиот американски кошаркарски новинар Брајан Виндхорст оцени дека членот на Сакраменто, Богдановиќ би му бил идеален партнер на Џејмс во Лејкерси.

На составот од Лос Анџелес му е потребен и добар бек шутер. Новинарот на „ЕСПН“, Виндхорст појасни каков потег би направил Богдановиќ.

– Би го „трејдувал“ Кузма за Богдан Богдановиќ. Српскиот играч е ограничен слободен агент и не е стартер во Сакраменто, бидејќи тие повеќе се фокусираат на Бади Хилд и Херисон Барнс. Кога би можел само Богдан да го поставам покрај Леброн. О, Боже, па тоа би било „моќно оружје“. Тоа е тип на кошаркар кој треба да се ангажира во замена за Кузма – порача Виндхорст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот