Нов гол на Растодер, Тун чекори кон титулата во Швајцарија
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер продолжува со одличните настапи во швајцарското првенство, откако повторно се запиша во листата на стрелци во победата на Тун на гостувањето кај Сервет од 3-1, со што неговиот тим направи уште еден голем чекор кон шампионската титула.
Препорачано
Растодер беше човекот кој го отвори резултатот, постигнувајќи погодок во 40. минута за водство од 1-0, резултат со кој заврши и првиот дел од натпреварот.
Во продолжението, Тун ја потврди доминацијата со уште два гола, додека домаќините во судиското надополнување успеаја само да го ублажат поразот со почесен погодок.
За македонскиот репрезентативец ова беше осми гол сезонава во најсилната швајцарска лига, на што додаде и четири асистенции. Тун во моментов е убедливо прв на табелата, со дури 11 бода предност во однос на второпласираниот Лугано.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


