Maнуел Ноер/EPA/YOAN VALAT

Ноер ќе сака да ја заборави вечерта во Париз – прими пет гола од пет удари

Еден од најдобрите голмани во историјата, Мануел Ноер, вчера вечер во Париз испиша црна страница во својата кариера. Чуварот на мрежата на Баерн Минхен не успеа да забележи ниту една одбрана во поразот од Пари Сен Жермен со 5:4.

Четириесетгодишниот голман, кој постави бројни рекорди и беше официјално прогласен за најдобар голман во изминатата деценија, стана првиот чувар на мрежата во последните 16 сезони од Лигата на шампиони што примил пет гола без ниту една интервенција во нокаут-фаза.

Парижаните имаа пет удари во рамките на голот на „Паркот на принцовите“ и секој од нив заврши зад грбот на Ноер.

Сепак треба да се каже и дека во ниту еден од тие голови не може да се издвои како негова директна вина.

ВИДЕО | Англиска легенда за пеналот на ПСЖ: Тоа правило е бесмислено

ПСЖ и Баерн вчера испишаа историја – никогаш претходно немало полуфинале со повеќе голови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот