Ноември – месец на машкото здравје: Зошто цинкот е толку важен за мажите?

Покрај тоа што на организмот му е потребен во мали количини, цинкот е еден од основните елементи неопходни за здравјето.
Цинкот е особено важен елемент за мажите, бидејќи се користи за лекување на сексуалните здравствени проблеми, меѓу кои се бенигна хиперплазија на простатата, еректилна дисфункција и машка неплодност.

Освен тоа, цинкот може да смири различни воспалителни процеси, а покрај здравјето на кожата, добар е за здравјето на очите, го зајакнува имунитетот, го забрзува зараснувањето на раните, ја одржува функцијата на нервните клетки и го забавува процесот на стареење.
Ова се само некои од причините зошто цинкот е важен за здравјето на мажите:
Број на сперматозоиди – една од важните карактеристики на цинкот е неговото влијание на квалитетот на спермата кај мажите. Цинкот е составен дел на спермата, затоа недостатокот на цинк во организмот може да предизвика неплодност. Со доволен внес на цинк може да се зголеми мобилноста и бројот на сперматозоидите.
Здравјето на простатата – цинкот игра важна улога во здравјето на простата. Ниското ниво на цинк кај мажите резултира со поголем ризик од карцином на простата. Повеќето малигни состојби на простата се предизвикани од ниските нивоа на цинк. Цинкот може да го намали зголемувањето на простатата.
Либидо – цинкот го зголемува производството на тестостерон кој помага во зајакнување на машкото либидо, мобилноста и бројот на сперматозоидите. Недостастокот на цинк, особено во постарата возраст, предизвикува пад на нивото на тестостеронот.
Цинкот е многу важен за општото и за сексуалното здравје. Исто така, придонесува за нормалната плодност и репродукција, како и за одржување на нормалните нивоа на тестостерон во крвта.

Организмот не може сам да произведува цинк, затоа треба да го побарате во исхраната или во додатоците на исхраната.
Протеините содржат големи количини од овој минерал, а црвеното месо е добар извор на цинк. Цинкот можеме да го најдеме во храната како што е немасно говедско месо, риба, јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми), живина, житарки, овошје како банана и авокадо, зеленчук како карфиол, краставици, сладок компир и спанаќ, и немасните млечни производи. Добрата вест е дека не е толку тешко да се одржат нивоата на цинк на потребното ниво. Количина од 113 грама немасно говедско месо обезбедува половина од дневниот препорачан внес, а добар извор се и остригите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот