Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS/ POOL

Нобеловец апелира до светските лидери поради Трамп: „Запрете го лудакот“

Добитникот на Нобеловата награда за мир, Мохамед Ел Барадеј, упати итен апел до владите на земјите од Персискиот Залив, Обединетите нации (ОН) и светските лидери да интервенираат пред истекот на ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран, пишуваат светските медиуми.

Во објави на социјалните мрежи, Ел Барадеј, поранешен директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), предупреди дека ставот на американскиот претседател може да го претвори регионот во „огнена топка“.

 

„Ве молам, уште еднаш, направете сè што е во ваша моќ пред овој лудак да го претвори регионот во огнена топка“, напиша тој на платформата X.

Потегот на Ел Барадеј ги нагласува стравувањата дека ситуацијата би можела да се претвори во катастрофална регионална војна доколку дипломатијата не успее.

Трамп му даде рок на Иран до 6 април или да потпише мировен договор или повторно да го отвори Ормускиот Теснец, предупредувајќи на ужасни последици доколку не се придржуваат до договорот.

„Времето истекува. Уште 48 часа во спротивно ќе живеете во пекол“, порача Трамп преку „Трут сошал“.

Неговите закани вклучуваат таргетирање на иранските електрани, нафтени постројки и постројки за десалинизација, што потенцијално може да ја осакати економијата и инфраструктурата на Иран.

Ел-Барадеи ја предводеше МААЕ од 1997 до 2009 година, во кој период ја водеше агенцијата низ почетокот на меѓународните спорови околу нуклеарната програма на Иран. Тој беше награден и со Нобелова награда за мир во 2005 година за неговата работа за промовирање на мирна употреба на нуклеарната енергија.

Трамп им се закани на Иранците ако не го отворат Ормускиот Теснец, ги вреѓаше, а потоа рече: Слава му на Алах“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот