Николовски: Нема да прифатиме уцени од опозицијата кога треба да испорачаме пари за граѓаните, ќе има и шести пакет антикризни мерки

Љупчо Николовски / Фото: Рики Пејковски - Слободен печат.

Сакам да најавам дека во вторник на владина седница владата ќе предложи нов пакет мерки за оние кои се погодени од кризата и понатаму да имаат помош. Ние нема да прифатиме уцени кога треба да испорачаме пари за граѓаните, во оваа тешка економска и здравствена криза, парите ги чекаат лозари, тутунари, спортски клубови, занаетчиите, ивент индустријата, сите погодени, и тие не може да се заложници на опозицијата и на еден човек. Имаме целосно екипирана коалиција која цврсто стои зад граѓаните, мерките и политиките мораме да ги носиме брзо, и овој неодговорен пристап, суетен пристап, граѓаните не го прифаќаат. И порано, како и сега, многу време се потроши на договорање, но договорите не се почитуваат од страна на опозицијата, тие доаѓаат да се потпишат и да земат патни трошоци.“- изјави Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, во вестите на Сител.

Тој порача дека нема да се прифатат уцени од опозицијата кога треба да  се испорачаат пари за граѓаните.

„И порано, како и сега, многу време се потроши на договорање, но договорите не се почитуваат од страна на опозицијата, тие доаѓаат да се потпишат и да земат патни трошоци. Сакам да им честитам на сите пратеници, особено оние кои дојдоа согласно сите протоколи, без спроведени во посебни ходници, во посебни кабини, се потврди владејачкото мнозинство на седницата, се потрвди дека ние нема да прифатиме уцени кога треба да испорачаме пари за граѓаните, во оваа тешка економска и здравствена криза, парите ги чекаат лозари, тутунари, спортски клубови, занаетчиите, ивент индустријата, сите погодени, и тие не може да се заложници на опозицијата и на еден човек. Имаме целосно екипирана коалиција која цврсто стои зад граѓаните, мерките и политиките мораме да ги носиме брзо, и овој неодговорен пристап, суетен пристап, граѓаните не го прифаќаат. Можеме поодоговорно да се однесуваме сите и затоа повторно ќе бидат поразени политиките на ВМРО ДПМНЕ. Сакам да најавам дека во вторник на владина седница владата ќе проделожи нов пакет мерки за оние кои се погодени од кризата и понатаму да имаат помош.“- дополни  Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот