Николовски избран за Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ

Машината којашто победува е во погон! СДСМ е фаворит на локалните избори, сподели на својот Фејсбук профил генералниот сeкретар на СДСМ.

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски на седница на ЦО на СДСМ е избран за шеф на републичкиот изборен штаб на претстојните локални избори.

-Благодарам на членовите на Централниот одбор и на претседателот Зоран Заев за довербата која што ми е дадена да бидам избран за Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ. Тоа за мене е чест, голема одговорност но и мотив! Машината којашто победува е во погон! СДСМ е фаворит на локалните избори, сподели на својот Фејсбук профил генералниот сeкретар на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот