Николовска: Резервите кон мене дополнитено ме мотивираа

Потполковник Билјана Николовска гостуваше во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ каде ја промовираше идејата за интегрирање на родовата перспектива  и прашањето околу именување на потполковник во потполковничка во иднина, како и за опциите за приклучување во Армијата.

На самиот почеток Николовска раскажа за нејзината одлука да биде член на Армијата.

– Мојата околина не беше изненадена од мојата одлука да бидам член на Армијата. Потекнувам од воено семејство. Со голема поддршка токму од моето семејство се вклучив во армијата. Во секој случај кога јас пројавив желба да се прклучам кон армијата се уште немаше на Воената академија прием на жени, питомки. Затоа бев приморана да се запишам на друг, цивилен факултет. Го одбрав институтот за одбрамбени и мировни студии, каде што ги завршив студиите и веднаш после нивното завршување се пријавив на курсот за служби и родот пешадија во армијата и обука на офицери, изјави Николовска.

Во однос на начините за приклучување во Армијата, таа кажа дека постојат два начини.

-И денеска постојат две опции за да се приклучиш во Армијата – да завршите воена академија каде што ќе бидете припадник на родот, но сепак армијата нуди можност за приклучување и со други факултети, рече Николовска.

Таа истакна дека морала да вложи повеќе труд за да се докаже, како и дека за да се стане успешен старешина, неопходно е да се изгради авторитет.

-На почетокот на кариерата за да се докажеш дека можеш да ги извршиш задачите со ист квалитет требаше да вложам повеќе труд во однос на останатите колеги. Но задоволството не го гледав само во успехот, туку затоа што добивав повеќе респект од колегите. За секој успешен старешина потребно е да изгради авторитет, а тој се гради со професионалност, кој што вклучува знаење, упорност, истрајност и посветеност во работата, вели потполковник Николовска.

За да добијат почит, жените треба да се докажуваат, а за прв пат во Генералштабот воведена е нова функција.

-Вистина е дека жените треба повеќе да се докажуваат но потоа ја добиваат почитта од колегите. И оние резерви кои ги имаше кон мене само дополнително ме мотивираа и ја зацврстија мојата решителност да се докажам во работата. Морам да кажам дека за прв пат денеска во Генералштабот е воведена фунцијата која што јас ја извршувам – Офицер за родова еднаквост во Кабинетот на началникот на Генералштабот. И морам да напоменам дека воопшто не заостануваме зад другите Армии, вели Николовска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот