Николов: Здравјето е најважно, ве охрабруваме да останете дома!

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

– Фудбалот е многу важен во нашите животи, но здравјето е најважната работа во светот – вели нашиот репрезентативец кој е член на Мол Види Фехервар.

И во Унгарија се прекинати фудбалските натпреварувања, а таму имаме вкупно тројца македонски репрезентативци Кире Ристевски (Ујпешт), Висар Муслиу (Фехервар) и Бобан Николов (Фехервар), а секако тука е и нашиот интернационалец Мирко Ивановски (Диосѓер ВТК).

После таа одлука на унгарската федерација, денеска на својот „Инстаграм“ профил се огласи и Николов со порака и до навивачите на неговиот клуб Мол Фехервар:

– Драги фанови на Мол Види Фехервар, како што веројатно знаете до сега, Унгарската фудбалска федерација ги суспендираше професионалните лиги, а нашиот клуб ги прекина и нашите тренинзи. Фудбалот е многу важен во нашите животи, но здравјето е најважната работа во светот. Ние, играчите, се трудиме да ја задржиме нашата форма дома и ве охрабруваме сите да останете дома или да ги минимизирате социјалните контакти ако можете. Ние веруваме дека можеме да се сретнеме повторно наскоро, и да славиме нови победи на Мол Види Фехервар, заедно – напиша Николов на „Инстаграм“.

Во вторник (17 март) од европската куќа на фудбалот се очекува да донесат одлука за плејоф мечевите, меѓу кои Македонија-Косово, како и за статусот на наредниот континентален собир.

И претходно Николов имаше своја објава на социјалните мрежи, поточно на Фејсбук каде што побара да се одложи мечот од УЕФА Лигата на нации за пласман на ЕП против косовската селекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот