Николов: Одложете го мечот, без публика како да сме без Пандев, Елмас и Несторовски!

Фото: ФФМ

Сите погледи се насочени околу статусот на полуфиналето во Лигата на нации за пласман на Европското првенство 2020 година помеѓу Македонија и Косово.

Владата на денешната седница донесе забрана сите спортски настани во следните 30 дена да се играат без присуство на публика поради коронавирусот.

Помеѓу нив токму и мечот Македонија-Косово, а воедно од Фудбалската федерација на Македонија најавија дека ќе бараат да се одложи овој бараж меч.

Еден од нашите фудбалски репрезентативци, Бобан Николов се огласи на својот фејсбук профил исто така со барање да се одложи овој важен и историски меч.

фото: фејсбук

– Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правите “спектакли”!
Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас.
Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа.
Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот.
Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати – напиша Николов на Фејсбук.

Во текот на вчерашниот ден Олимпискиот комитет во Италија донесе одлука да се прекинат сите спортски активности во оваа држава до 3. април.

Потсетување дека во најсилната италијанска фудбалска Серија А настапуваат тројца македонски репрезентативци, Елиф Елмас (Наполи), Горан Пандев (Џенова) и Илија Несторовски (Удинезе).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот