Никола Ристановски награден за најдобра машка улога на фестивал во Нови Сад

Фото: Промо

Македонскиот народен театар на 1 септември со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, го отвори 9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“, која се одигра на сцената на „Српско народно позориште“, Нови Сад – Србија.

Во официјалната програма учествуваа 6 претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, завчера вечер се одигра претставата „Љубов и вина“, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ.

Фото: Промо

Жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка и Ивана Ѓуриќ Пауновиќ, литературен преведувач, едногласно одлучија наградата за најдобра машка улога да се додели на Никола Ристановски за улогата на Др. Томас Стокман, во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар.

Фото: Промо

Ристановски, веќе 30 години, кариерата успешно ја гради во сопствената земја, но и надвор од нејзините граници.

Во неговата возбудлива кариера остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

Претставата „Народен непријател“ на 5 ноември ќе гостува и во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот