Никол Шерцингер ги воодушеви фановите со беспрекорни фотографии во бикини

Instagram
Instagram

Никол Шерцингер ги воодушеви своите обожаватели со неколку фотографии во бикини кои ги објави на својот инстаграм – профил.

Поранешниот член на „Pussycat Dolls“ објави фотографии, на кои позира на песочна плажа облечена во виолетово бикини и ги воодушеви своите бројни обожаватели низ целиот свет.

Во последно време работите едноставно не се исти како порано. Се однесувам детски, но не знам зошто…“, напиша 42-годишната ѕвезда во описот на фотографиите.

Instagram
Instagram

Никол моментално ужива во идиличниот одмор на островите Туркс и Каикос со своето момче Том Еванс. И додека на нејзините најнови фотографии изгледа сосема беспрекорно, се чини како ѕвездата воопшто да не е свесна за тоа.

Instagram
Instagram

Минатата недела, таа сподели фотографија со која се пошегува на сметка на толеранцијата на Том за фотографии на „Инстаграм“.

Кога вашето момче почнува да ве мрази кога правите милион исти слефиња“, се пошегува Шерцингер.

Instagram
Instagram

Том и Никол се во врска веќе една година, откако се појавија заедно на црвениот тепих на „Golden Globes“ во 2020 година. Тие се запознале за време на снимањето на музичкото шоу „X Factor“, кога пејачката беше дел од комисијата, а Том се натпреваруваше во бенд.

Instagram
Instagram

За да ја одбележи нивната годишнина, Никол сподели слатка посвета на своето момче.

Среќна годишнина љубов моја. Кој знаеше дека целиот мој свет ќе се промени пред една година. Ти си резултат на моите молитви. Те сакам многу“, напиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот