Никој не сака педофил во екипата

Повеќе од 100 англиски екипи одбија каква било можност за преговори со поранешниот англиски репрезентативец Адам Џонсон, кој утринава излезе од затвор. Сите екипи од најквалитетни четири англиски лиги (Премиер лигата, Чемпионшип, Лига еден и Лига два) им потврдија на медиумите дека немаат намера да го ангажираат Џонсон, плашејќи се од критики од јавноста.

Адам Џонсон беше осуден на шестгодишна затворска казна поради врска со 15-годишна девојка, но по одлежани три години, денеска беше пуштен на слобода.

Тој поголем дел од казната ја одлежа во затвор во Лидс, а потоа беше преместен во Донкастер, а судот на двапати му ја одби жалбата за предвремено пуштање од затвор. Тој беше одбиен бидејќи протекоа снимки на кои објаснува дека казната е превисока и дека е последница на големиот притисок од јавноста бидејќи е познат фудбалер.

Додека беше на отслужување на затворската казна, неговата сопруга Стејси Фландерс поднесе барање за развод и сега по излегувањето на слобода, поранешниот англиски репрезентативец ќе може да ја посетува ќерката само во присуство на социјален работник. Покрај тоа, Џонсон нема да смее да ја напушта Англија, а единствено ќе може со дозвола од судските и полициските власти да се вработи. Исто така ќе мора контролата врз кредитните картички да ја предаде на овластени луѓе како не би можел да плаќа посети на порносајтови.

Со ваквите ограничувања, на Џонсон му припадна и можноста да ја продолжи фудбалската кариера во Кина или во Австралија.
Адам Џонсон во својата кариера играше за екипите на Мидлсбро, Манчестер сити и Сандерленд, сè до 2016 година, а има и 12 настапи за англиската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот