Нѝ претстои убав есенски викенд

Фото: Принтскрин

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончсви периоди и слаб ветер од јужен правец. Во источниот регион ќе има услови за слаб локален дожд, прогнозираат од УХМР.

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност.

Максималната температура од 16 степени се очекува во Демир Капија,  во Гевгелија до 15 степени, Скопје, Штип и Охрид – 14, Битола -13.

Слично време се очекува и во следните денови. Максималната температура се очекува утре да достигне, исто така, до 16 степени, в понеделник до 15, а во вторник до 17 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот