Незадоволен од судиските одлуки: Сакаше да ги „прегази“ сите на теренот! (ВИДЕО)

фото: твитер

Крајно се шокирани од Здружението на фудбалери во Јужна Африка, ова ги надминува сите граници, се очекува да се преземат мерки..

Сè што не видовме во претходните години во фудбалот, без оглед на рангот во кој се игра, дали професионално или аматерски, а последната лудост која ни доаѓа од Јужна Африка дефинитивно ги надминува сите граници.

Имено, таму големо внимание привлекува нисколигашкиот фудбал, а едно видео кое доаѓа од оваа африканска држава сведочи за несекојдневен потег на еден навивач.

Тој на четвртолигашкиот меч помеѓу екипите на Лука Бол Контролерс и Полоквејн Сити Роверс, изминатиот викенд беше крајно незадоволен од судиските одлуки, па со својот автомобил сакаше да ги прегази сите кои беа на теренот.

– Ние во Здружението на фудбалерите во Јужна Африка сме шокирани од ваквото варварско однесување, за што нема место во фудбалот. Ќе се сретнеме со луѓето од Фудбалската федерација на Јужна Африка за да ја решиме оваа ситуација – рекоа од здружението на фудбалери.

Фудбалери од Јужна Африка две минути не сакаа да изведат корнер! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот