Фудбалери од Јужна Африка две минути не сакаа да изведат корнер! (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Мамелоди во тој момент водеше со 2:1 и на тој начин сакаа да украдат време за зачувување на трите бода…

Фудбалерите на Мамелоди Сандаунс се хит на социјалните мрежи овие денови поради „циркусот” што го приредија во мечот против Блумфонтејн Селтик во шампионатот на Јужна Африка.

Во продолжението на натпреварот добија три жолти картони бидејќи две минути го развлекуваа изведувањето на корнер.

Мамелоди во тој момент водеше со 2:1 и на тој начин сакаа да украдат време за зачувување на трите бода.

Медиумите, пак, го протолкуваа таквиот нивни однос со намера да се „исчистат” од картони со оглед на реванш дуел против нисколигаш во националниот Куп наредната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот