Неверојатно, по 26 години откриено е дека е наместен историскиот НБА натпревар (ВИДЕО)

Сопственикот на ЛА Кклиперс им наложил на своите кошаркари да не играат со полна сила, за едно од признанијата да отиде во рацете на „Адмиралот“.

Во сезоната 1993/94 во НБА лигата се водеше една од најнезивесните битки за титулата најдобар стрелец. Младиот центар на Орландо меџик, Шекил О`Нил, водеше во трката за титулата најдобар стрелец.

Негов конкурент му беше еден од најдобрите центри во историјата на НБА лигата, „Адмиралот“ Дејвид Робинсон, кој во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната мораше да постигне пет поени повеќе од О`Нил за да го добие признанието за најдобар стрелец.

О`Нил против тогасшниот Њу Џерси нетс постигна 32 поени, додека Робинсон на Лос Анџелес клиперс му даде неверојатни 71 поен и ја понесе титулата за најдобар стрелец во сезоната.

ЛА Клиперс во тоа време беше еден од најславите тимови во лигата иако имаше неколку големи НБА ѕвезди во тимот, но сега се појавија сомнежи дека тој натпревар е наместен и тоа од страна на тогашниот сопственик Доналд Стерлинг.


Стерлинг во 1981 година го купи клубот за 12.5 милиони долари и од Сан Диего го пресели во Лос Анџелес. Екипата под негово водство немаше големи успеси, но во 2014 година по расистичкиот скандал, Стерлинг беше приморан да го продаде клубот, нов сопственик стана Стив Балмер кој плати неверојатни две милијарди долари.

Имено, Доминик Вилкинс и Рон Харпер кои во сезоната 1993/94 настапуваа за клиперс, открија дека тренерот Боб Вајс им рекол оти добил наредба од врвот дека Робинсон мора да биде најдобар стрелец.

– Боб ни рече: Гледајте луѓе, само да знаете дека почетната петорка мора да ја седнам на клупата по само четири минути игра. Стерлинг сака да го види Дејвид Робинсон како ја добива титулата за најдобар стрелец. Зашто би лажел за вакво нешто – открива Вилкинс.

Рон Харпер изјави дека ја земал опремата и ја напуштил соблекувалната.
– Тоа што го направивме беше е**но срамотно – рече Харпер.

Иако нема никакви други докази, медиумите во САД сметаат дека зборовите на играчи како Вилкинс и Харпер се доволни да се фрли сомнеж во регуларноста на тој натпревар.

На натпреварот против Сан Антонио, стартери на клиперс беа:
Марк Џексон кој одигра 16 минути
Рон Харпер – 20 минути
Доминик Вилкинс – 21 минута
Лој Вот – 25 минути
Елмор Спенсер – 5 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот