Неверојатно откритие: Археолозите пронајдоа бронзен меч стар 3.000 години

Фото: Instagram/ BBC

Германските археолози пронајдоа извонредно сочуван меч, од бронзеното време стар повеќе од 3.000 години, пренесува „Би-би-си“.

Истражувањата од Државна канцеларија за заштита на спомениците во Баварија, откриваат дека бронзениот меч со октагонален држач е пронајден во гроб во јужниот град Нордлинген. Археолозите ја одредија неговата датација кон крајот на 14 век п.н.е. Неговата состојба е беспрекорна, бидејќи речиси сè уште блеска.

Фото: Instagram/ BBC

Во гробот кој бил истражуван, покрај бронзениот меч, најдени се скелети на маж, жена и дете, како и многу други бронзени предмети.

Археолозите не се сигурни дали трите индивидуи биле во роднинска врска, а реткоста на ова откритие им отвора нови прашања за потеклото на мечот.

Фото: Instagram/ BBC

Производството на ваков уникатен меч било комплицирано, бидејќи рачката била дополнитено прикачена на сечилото. Се чини дека мечот од Нордлинген не бил искористен при борба, но неговата намена, сепак не била само декоративна.

Дополнителните истражувања ќе помогнат да се прецизира датацијата на останатите пронајдени предмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот