Несторовски за три години очекува нешто неверојатно од Елмас!

фото:твитер

Неодамна Илија Несторовски го постигна првиот гол во дресот на Удинезе сезонава во Серија А против екипата на Сампдорија.

Македонскиот репрезентативец во интервјуто за „Ла Газета дело Спорт“ го коментираше неговиот трансфер минатото лето од Палермо во Удинезе.

– Мојата цел и за оваа сезона останува да постигнам 10 голови, би било сон. Во Хрватска, поточно Интер Запрешиќ без најдобар стрелец три години по ред (20, 24 и 25 голови) пред да се преселам во Наполи. Пет сезони во низа имав „двоцифрен“ учинок, сега кога играм повеќе, сакам да го повторам истото. Се борам секојдневно во Удинезе да се изборам за место во стартниот состав, иако знам дека не е лесно. Немам идол, туку самиот себе сум си идол – рече Несторовски.

Зборуваше и за неговиот репрезентативен колега, Елиф Елмас кој ги брани боите на Наполи, како и шансите на Македонија во плеј-офот за учество на континенталниот собир преку Лигата на нации каде што во полуфиналето ќе игра против Косово дома на 26. март 2020. година. Во второто полуфинале ќе играат Грузија и Белорусија.

– Елмас е многу силен. Има голем карактер и веќе три години е во националната селекција. Можам да кажам дека посакува за три години да ја освои „Златната топка“. Што се однесува до нашите шанси во плеј-офот за пласман на ЕП, ќе се обидеме да победиме на секој натпревар, имаме добар тим – додаде нашиот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот