НЕСЕКОЈДНЕВНА СООБРАЌАЈКА: Автомобил удрил и усмртил коњ на магистралата Гостивар-Кичево

Фото: МИА

Во несекојдневна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево едно лице е повредено и бил усмртен еден коњ.

Според СВР Тетово, вчера околу 19 часот и 20 минути, на делницата од наплатната станица Гостивар до Здуњска крстосница, патничко возило „ауди А6″ со австриски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(44) од гостиварско Беловиште, удрило коњ кој неконтролирано и без надзор се движел по коловозот.

Од ударот, коњот бил усмртен на самото место, а взачот Ј.В. со друго возило пренесен е во гостиварската болница за укажување на лекарска помош.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот