Непромислена грешка: „Ворнер Брос“ со новиот филм ги вознемири луѓето со попреченост

Profimedia

Од филмското студиото се извинија откако новиот филм „Вештерките“ предизвика бура реакции за стигматизирање на лицата со телесен недостаток.

Во последниот филм режиран од Роберт Земекис, „Вештерките“, адаптација на истоимениот филм од 1990 година, Големата вештерка, главниот лик кој го игра Ен Хатавеј, на рацете има помалку од пет прсти. Многу луѓе со ваков телесен недостаток реагираа дека тоа е состојба позната како ектродактилија, кога прстите растат неправилно и е познато уште како „разделена дланка“. Тие истакнуваат дека со ваквото портретирање на негативните ликови, се создаваат стереотипи дека луѓето со недостатоци се абнормални и страшни.

 

View this post on Instagram

 

Who can resist some chocolate from the GHW herself? NO ONE. ?#TheWitchesMovie

A post shared by The Witches (@witchesmovie) on

Параолимписката атлетичарка Ејми Марен, која е родена без една дланка, изјави дека е разочарана од „Ворнер Брос“ и прашува „дали некој размислил како во филмот се претставени луѓето со телесни недостатоци и како тоа ќе влијае врз севкупното мислење“. Нејзината изјава беше пренесена и на официјалниот твитер-профил од Параолимписките игри каде што беше нагласено дека „Различноста во екстремитетите не е страшна. Разликите треба да бидат прифатени како нормални“.

Марен објасни дека хирурзите често се обидуваат да создадат раце за децата и возрасните кои имаат такви недостатоци.

Вознемирувачки е фактот дека она што ја прави личноста различна од другите е прикажано како нешто многу страшно. Да, свесна сум дека ова е филм и во него има вештерки. Но, тие се познати како злобни монструми. Страв ми е дека децата откако ќе го гледаат филмот, несвесни дека во него е претерано со адаптација на оригиналната книга од Роалд Дал, разликата во екстремитетите ќе им стане асоцијација на нешто страшно – вели таа.

Со ова се согласуваат и од „Почитувај ги различностите“, организација што ги поддржува лицата со инвалидитет.

Идејата да се направи вештерката да изгледа пострашно поради рацете, кое го нема опишано во книгата, ќе има непријатни последици. За жал, креаторите на филмот ги учат децата дека разликите во екстремитетите се нешто ужасно од кое треба да се плашат. Каква порака им испраќа ова на децата што имаат таков телесен недостаток – вели Лорен Еплбаум, потпретседателка на организацијата.

Од студиото „Ворнер Брос“ изјавија дека жалат што со новиот филм ги вознемириле луѓето со телесна попреченост.

Адаптирајќи ја оригиналната приказна, работевме со дизајнери и уметници за да дојдеме до нова интерпретација на ‘мачкин изглед’ на шепите, кој е опишан во книгата. Никогаш немавме намера со новите измислени нечовечки ликови да ги претставиме луѓето со попреченост. Филмот е за моќта на љубезноста и пријателството. Се надеваме дека семејствата и децата ќе уживаат во филмот и ќе ја сфатат главната порака која ја испраќа – љубовта може да смени сè“, стои во соопштението испратено од студиото.

Филмот „Вештерките“ кој во октомври имаше премиера на ХБО макс е втор филм работен според делото на популарната книга за деца од Ролад Дал. Приказната е за едно дете кое тајно ќе ја следи годишната средба на вештерки, која се одвива во хотелот на баба му. Откако ќе го дознае нивниот злобен план, да ги претворат сите деца во глувци, детето заедно со баба му прават план како да ги спречат. Покрај Ен Хатавеј, во филмот играат Џазир Кадим Бруно, Октавија Спенсер, Стенли Тучи, Крис РОк и Кристин Ченовет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот