Непознат маж упаднал во куќата на Наташа Беквалац додека си играла со децата, во тек е истрага

Наташа Беквалац
Instagram

Српската пејачка Наташа Беквалац доживеала непријатно искуство во претпладневните часови кога непознат маж се обидел да упадне во нејзината куќа во која била со децата, дознава Телеграф.рс.

Наташа Беквалац / Фото: Инстаграм

Денеска околу 11 час во куќата на Беквалац во Ченеј во близина на Нови Сад, каде што живее со ќерките и ги поминува деновите во изолација, влегол непознат маж, кој наводно носел за Наташа подарок и цвеќе.

Наташа Беквалац со ќерките Хана и Катја / Фото: Инстаграм

Бидејќи пејачката во тој момент била со децата, се исплашила и му се спротивставила, барајќи од него веднаш да ја напушти нејзината куќа.

Мажот набрзо заминал, а пејачката случајот веднаш го пријавила во полиција. Истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот