Необичен податок: Ѓоковиќ денес сервира подобро отколку кога беше десет години помлад
Новак Ѓоковиќ на 38 години сервира побрзо отколку кога имаше 28 податок, покажуваат последните податоци кои веројатно се и доказ зошто српскиот тенисер и денес може да биде конкурентен во битките со многу помладите ривали од него.
Препорачано
Според францускиот портал „We Love Tennis“, кога Ѓоковиќ во 2016 година ја освои својата петта титула на турнирот Индијан Велс Мастерс, просечната брзина на неговиот прв сервис изнесувала околу 180 километри на час. Денес, речиси една деценија подоцна, таа бројка достигнува близу 195 километри на час.
Од овој податок може да се извлечат неколку заклучоци. Првиот е дека Ѓоковиќ постојано работи на усовршување на својата игра, а сервисот е еден од сегментите на кои посветува посебно внимание. Добриот почеток на поенот значително ги зголемува шансите за негово освојување, но и ја скратува должината на размената на удари, нешто што е особено важно во неговите години, бидејќи така се троши помалку енергија.
Djokovic having such a long career is a great window into how the game has changed. A 112mph avg first serve speed is basically unheard of in the top 10 in 2026 pic.twitter.com/V3mU2Ii1Ea
— Matthew Willis (@mattracquet) March 12, 2026
Иако е во доцна фаза од кариерата, српскиот тенисер продолжува да ги подобрува клучните елементи од играта. Во развојот на сервисот значајна улога имаше и неговиот поранешен тренер Горан Иванишевиќ, некогаш познат токму по силниот почетен удар.
Вториот заклучок е дека, и покрај побрзиот сервис, резултатите денес не се исти како порано. Ако Ѓоковиќ со сервис од 180 км/ч успеваше да освојува титули, а со посилен сервис тоа сега се случува поретко, тогаш јасно е дека падот треба да се бара во некој друг сегмент од играта. Најлогично објаснување е физичката подготвеност и движењето на теренот, бидејќи со годините заморот доаѓа побрзо.


