Нено Димитријевиќ постигна 32 поени во новиот триумф на Уникс Казан

фото: vtb-league.com

Во новиот натпревар од ВТБ лигата екипата на Уникс Казан на домашен терен со минимален резултат 91:90 го совлада Зенит Петербург.

Повторно во редовите на Уникс Казан доминираше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој беше прв стрелец со 32 поени.

Воедно за 36 минути поминати на паркетот запиша и пет скокови и девет асистенции.

На табелата тимот на нашиот плејмејкер е на првата позиција (25-7), пред ЦСКА Москва на тренерот Емил Рајковиќ на второто место (24-8).

Следниот меч Уникс Казан ќе го има на 26 март на гостувањето кај Локомотив Кубан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот