Ненадејно, на 46 години, почина Пол Катермол, пејачот на глобално популарна група од 90-тите

Фото: Профимедиа

Пол Катермол, пејачот на глобално популарната група од 90-тите „С Клаб 7“ (S Club 7), почина на 46-годишна возраст. Во соопштението на неговото семејство се вели дека Пол бил пронајден мртов во неговиот дом во Дорсет во четвртокот, а точната причина за смртта сѐ уште не е позната, објави „Дејли мејл“.

Членовите на бендот се простија од својот колега на социјалните мрежи.

„Навистина сме уништени од смртта на нашиот брат Пол. Нема зборови со кои може да се опише длабоката тага и загуба што сите ја чувствуваме. Имавме толку среќа што го имавме во нашите животи и сме благодарни за тоа“, објавија тие на официјалниот твитер-профил на групата.

 


Извор близок до поранешната девојка на Пол и колешка од бендот Хана Спирит откри дека веста за неговата смрт силно ја погодила бидејќи неодамна го обновиле своето пријателство и ставиле крај на седумгодишната расправија.

„Таа е апсолутно скршена. Ова беше огромен шок, таа не може да верува дека повеќе не е со нас. Само што го обновуваа своето пријателство, се случи најлошото. Бендот се распадна на парчиња. Сите со нетрпение ја очекуваа новата турнеја и заедничко преживување на неверојатните спомени… Пол бил и секогаш ќе биде голем дел од патувањето на Хана“, изјавил извор за „Дејли мејл“.

Веста за неговата смрт доаѓа само неколку недели откако „S Club 7“ објави дека ќе се обединат за турнејата во траење од 11 дена низ Велика Британија и Ирска. Турнејата на нивното повторно обединување беше осмислена од музичкиот магнат Сајмон Фулер, кој првично ги собра во 1998 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S Club 7 (@sclub7)


Групата се распадна во 2003 година. Оригиналната постава се состоеше од Тина Барет, Пол Катермол, Џон Ли, Бредли Мекинтош, Џо О’Меара, Хана Спирит и Рејчел Стивенс, а бендот заработи вртоглави 50 милиони фунти за време на своето постоење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S Club 7 (@sclub7)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот