Немало потреба од полиција, 14 бриса се земени од семејството, 200-те присутни на погребот се идентификуваат

Тие што биле на погребот, самите се јавуваат, имаме веќе две три семејства што сами се јавија, а на останатите од 200 те присутни работиме, ни рече Зибери.

Утринава на 14 членови од семејството на покојникот што беше погребан без протокол за Ковид 19 иако посмртниот брис му беше позитивен, им биле земени брисови за испитување на присуство на Сарс Ков 2 односно Ковид 19.

Вчера Министерството за здравство информираше дека со асистенција на полицијата ќе се земаат брисовите, зашто фамилијата одбиваше соработка со епидемиолозите и со здравствените власти.

Сепак, како што изјави за „Слободен печат” директорот на Центарот за јавно здравје Скопје доктор Арбен Зибери, немало потреба за полициска асистенција бидејќи семејството денеска било кооперативно.

-Четиринаесет бриса се земени и немаше потреба од полиција. Сега соработуваат одлично. Немаше никаков проблем, како што ме известија епидемиолозите. Ги кажале контактите, кажале дека ќе бидат дома. Тие што биле на погребот, самите се јавуваат, имаме веќе две три семејства што сами се јавија, а на останатите од 200 те присутни работиме, ни рече Зибери.

Човекот починал во една приватна болница, но позитивниот резултат на коронавирусот пристигнал дури откако погребот бил извршен со верски и народни обичаи, а не по протокол за Ковид. Осуммина здравствени работници од приватната клиника се во изолација поради контакт со пациентот.

Тој додаде дека во последните неколку дена има огромен број на налози за испитување на коронавирусот поради што наместо досегашните три екипи, сега морало да се формираат пет екипи од медицински техничари кои земаат материјали за испитување на коронавирусот на територијата на Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот