Нема кворум во Собранието за гласање недоверба на владата на Заев

Собрание на РСМ
Собрание на РСМ / Фото: Скриншот

Поради немање на кворум во собраниската сала, потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели предмалку ја прекина седницата на која требаше да се гласа за доверба на Владата на Република Северна Македонија.

Зендели констатираше дека во салата се присутни 58 пратеници, и двајца се присутни во специјални одела поради ковид протоколот бидејќи се позитивни на коронавирус и поради тоа соопшти дека оваа седница пратениците ќе ја  продолжат во текот на денот, без да прецизира кога точно.

Од најавениот почетокот на Седницата во 11 часот претпладнево, собраниската седница беше прекината двапати претходно откако во салата не се појави најавеното мнозинство од 61 пратеник.

Претходно, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не обезбеди мнозинство откако пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не се појави во Собранието и на Фејсбук објави дека нема да присуствува на седницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот