Нема доволно кандидати за асистенти за учениците со посебни потреби, Општина Центар објави нов јавен повик

УЧЕНИЦИ ПРВАЧИЊА ШКОЛО УЧИЛИШТЕ ДЕЦА СКОПЈЕ (1)
Фото: Слободен печат - Драган Митрески

На јавниот повик со кој Општина Центар бараше лични асистенти за основците со посебни образовни потреби кои учат во основните училишта на нејзина територија не се пријавиле доволно кандидати. Поради тоа Општината повторно распишува јавен повик со надеж дека овојпат ќе се пријават доволно за од 1 октомври учениците кои имаат потреба да добијат асистенти.

Според објавениот оглас заинтересираните кандидати кои сакаат да бидат ангажирани треба да исполнуваат неколку услови како што се да имаат најмалку средно образование, претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби, да бидат долгорочно невработени лица , да бидат помлади од 29 години и постари од 50, да се самохрани или родители на деца со попреченост.

Сепак од Центар велат дека предност ќе имаат кандидатите со завршено високо образование од област на психологија, педагогига и дефектологија, потоа тие што имаат веќе искуство во работа како лични/образовни асистенти и кои поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост издадена од овластена институција.

Тие ќе имаат скратено работно време од дваесет (20) работни часа неделно, во период од девет (8) месеци, почнувајќи од 1 октомври 2023 година до крајот на учебната 2023/2024 година. За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во проектот „Образование за сите“ се предвидува паричен надоместок во висина од 12.000,00 денари (нето-износ), со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест – објаснуваат од Општината.
Барањето за учество во проектот „Образование за сите“ заедно со потребната документација може да се поднесе во Архивата на Центар, секој работен ден од 9 до 15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот