Неколку стотици планинари пријавени за Меморијалниот марш „Димитар Илиевски Мурато“

На 10 мај се навршуваат 34 години од смртта на Димитар Илиевски Мурато, алпинистот кој на 10 мај 1989 година, како член на Македонската алпинистичка хималајска експедиција се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест.

По повод трагичниот настан кога Димитар Илиевски Мурато по освојувањето на покривот на светот, при слегувањето се изгуби во хималајските беспаќа, во организација на ПСК Пелистер ќе се одржи Меморијалниот марш Димитар Илиевски Мурато.

Маршот на кој се поканети планинари од сите клубови од Македонија ќе се одржи викендов на 13 и 14 мај.

На истиот се очекува да земат учество неколку стотици планинари, од кои добар дел според зборовите на претседателот на клубот, Диме Попов веќе го потврдија учеството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот